Бугарите во земјава преку писмо до Ковачевски бараат да бидат вклучени во групата за уставни измени

од Nikola Popovski
124 прегледи

Претставниците на бугарските здруженија во земјава побараа да бидат вклучени во работната група за уставни измени, известува „BTA“.  Во писмото до премиерот Димитар Ковачевски, тие го поздравуваат создавањето на работната група, која ја оценуваат како чекор напред кон решавање на прашањето за вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот.

Потписниците на писмото бараат од Ковачевски да предложи во работната група да се вклучат и претставници на Бугарите во Македонија, бидејќи измените во основниот закон ги засегаат и изразуваат подготвеност да предложат луѓе кои како граѓани на Северна Македонија „ќе го дадат својот конструктивен придонес во работата на работната група за да биде поефективна“.

„Бугарскиот народ беше најконструктивниот елемент во остварувањето на вековниот сон за независна, демократска и суверена Република Македонија, држава на сите граѓани кои живеат во неа, без разлика на етничка, верска, политичка, социјална и која било друга припадност . Но, со донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17.11.1991 година, а подоцна и со сите амандмани, беше направена голема историска неправда и бугарскиот народ беше изоставен од преамбулата на Уставот. Оваа историска неправда ќе се исправи за да ги уживаме сите права и слободи кои произлегуваат од највисокиот правен акт заедно со другите народи веќе вклучени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија за заедно да градиме подобра иднина во нашата земја во која живееме и заедно го чекаме денот кога ќе ја видиме како полноправна членка на ЕУ, а со тоа и како дел од прогресивниот западен свет“, се вели во писмото до Ковачевски, поддржано од претставници на 12 здруженија на бугарската заедница во земјава.

Слични содржини