Пејачот, актерот и активист Хари Белафонте почина денеска на 96-годишна возраст од срцева слабост, во својот дом на Менхетен.
Покрај изведувањето на глобалните хитови како „Day-O (Banana boat song)“, освојувањето на наградата Тони за глума и појавувањето во бројни играни филмови, Белафонте ги поддржа иницијативите за граѓански права од 1960-тите на црните Американци, водеше кампања против сиромаштијата, апартхејдот и СИДА-та во Африка и ги поддржуваше левичарските политичари – како Фидел Кастро и Хуго Чавез, пренесe Гардијан.
Белафонте е роден во 1927 година во Харлем, Њујорк, а по завршувањето на војната, работел како помошник домар.