493
Бомбици за кои не ви треба шеќер.
Состојки:
– 170 гр мелени ореви (бадеми или лешници)
– 200 гр урми
– 2 лажици кокосово брашно + 75 гр за декорација
– 25 гр кокосово масло
– 2 лажици какао
Подготовка:
Потопете ги урмите во топла вода околу 15 минути. Потоа измелете ги со блендер.
Во друг сад сомелете ореви или бадеми или лешници. Додадете какао, кокосово брашно, кокосово масло и урмите.
Се добро измешајте и направете бомбици.
Валкајте ги во кокосово брашно и ставете ги во фрижидер да се стегнат. Од оваа смеса се добиваат околу 30 топчиња.