Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Москва ја констатирала подготвеноста на Пекинг да воспостави преговарачки процес, но нагласила и дека проблемот не е немањето на добри планови.
„Ја забележуваме подготвеноста на кинеската страна да вложи напори за воспоставување на преговарачки процес. Киевскиот режим досега покажува свое отфрлање на било какви разумни иницијативи, усмерени кон политичко и дипломатско решение на украинската криза, а евентуално согласување на преговори условено е со ултиматиуми со намерно нереални барања“, рече Захарова.
Коментирајќи го денешниот телефонски разговор меѓу украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговиот кинески колега Си Џинпинг, Захарова истакна дека властите во Киев и „нивните западни кустоси“ веќе покажале способност да стават крај на мирољубивите иницијативи.