Ковачев: Најголемиот етнички дел од С.Македонија се Бугари

од Nikola Popovski
158 прегледи

Во Северна Македонија има 3.500 Бугари – вака изјави министерот за надворешни работи на земјава, Бујар Османи, пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. На овие податоци пред ТВ Нова се спротивстави европратеникот од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев. Бугарските европратеници повторно го покренаа прашањето за нивните сонародници во земјава.

„Сите историски извори велат дека најголемиот етнички дел на Македонија се Бугари. По потекло има стотици илјади – над 120-130.000 со бугарско државјанство“, изјави Андреј Ковачев, пренесе „Труд“.

„Многу повеќе треба да се инвестира во надминување на всадените негативни манифестации кон оние кои отворено го декларираат својот бугарски идентитет, тие мора да се интегрираат. Треба да се сменат учебниците. Многу е тажно кога се случува токму спротивното и македонското обвинителство ги обвинува претседателите на двата бугарски клуба за поттикнување омраза, а не дека се подложени на таква. Тие немаат заштита“, објасни Ковачев.

„Османи е еден од ретките кои покажуваат желба за промени, но бројот на Бугарите, кои произлегуваат од пописот, се храбрите луѓе кои и покрај прогоните се изјасниле за својот бугарски идентитет“, категоричен е Андреј Ковачев.

Слични содржини