215
Состојки:
– 300 гр тестенини
– 1 конзерва туна (парчиња)
– 1 авокадо
– мала главица кромид
– 2 чешниња лук
– 2 лажици густ јогурт
– 2 лажици маслиново масло
– сок од половина лимон
– 40 гр рендан пармезан
– сол, нане
– сечкани ореви
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода. Се процедуваат и се чуваат покриено.
Авокадото пресечете го на половина, извадете го месото со лажица и изгмечете го со вилушка. Треба да изгледа како пире.
Потоа додадете ја туната, ситно сечканиот кромид, издробениот лук, маслиновото масло, сокот од лимон, јогуртот, пармезанот и сечканите ореви.
На крајот додадете нане и сол по потреба.
Сè убаво измешајте и ставете го врз топлите тестенини.