Оваа жена е обвинета за убиство на 11 пријатели и поранешното момче: Сите умирале на ист начин

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Тајландската полиција ја уапси Сарарат Рангсивутапорн, осомничена дека убила 12 блиски луѓе труејќи ги со цијанид. За работата да биде побизарна, жената убила свои пријатели и поранешното момче.

Рангсивутапорн била уапсена во вторникот во Бангкок.

Убиствата наводно ги извршила од финансиски причини.

Наводно, сè започнало кога таа отпатувала со пријателка во провинцијата Рачабури западно од Бангкок за да присуствува на будистички ритуал на реката пред две недели. Не долго потоа, пријателката Сирипорн Канвонга колабирала, а потоа починала на брегот на реката.

На обдукцијата во нејзиното тело биле пронајдени траги од цијанид. Кога била пронајдена, ѝ недостасувале телефонот, парите и чантата.

За исчезнување на накит и пари пријавиле и роднините на другите жртви.

Се уште не се идентификувани сите жртви, а засега се знае дека меѓу нив е и поранешниот партнер на убиецот, како и две полицајки.

Жената наводно се обидела да отруе уште една пријателка на која ѝ должела 250.000 бати (7.300 долари). По ручекот на кој дошло до предавање на парите таа повратила и се онесвестила, но за среќа преживеала.

Инаку, траги од цијанид може да се најдат во труп неколку месеци по смртта. Овој отров ги уништува клетките на кислородот, што може да доведе до срцев удар, а раните симптоми вклучуваат вртоглавица, отежнато дишење и повраќање.

Употребата на цијанид е строго регулирана во Тајланд, а оние кои го користат без одобрение се соочуваат со затворска казна до две години.

Слични содржини