Во Судан договорен нов 72-часовен прекин на огнот

од Nikola Popovski
196 прегледи

Конфликтните страни во Судан синоќа се договориле да го продолжат примирјето за уште 72 часа, со посредство на САД и Саудиска Арабија.

Новото примирје стапи на сила синоќа на полноќ по локално време, пренесува „Ројтерс“.

Суданската армија и Силите за брза реакција (СБР) постигнаа договор за 72-часовен прекин на огнот од понеделник до вторник на полноќ, кој истече вчера.

Суданските вооружени сили (САФ) тогаш објавија дека САД и Саудиска Арабија исто така посредувале во договорот за прекин на огнот и дека прекинот на огнот се користи за евакуација на странски државјани од Судан.

Вооружената борба за власт меѓу суданската армија и СБР избувна на 15 април, наведува „Телеграм“.

Слични содржини