Познат идентитетот на убиениот Македонец во Бугарија, нашата амбасада е во комуникација со надлежните органи

од Nikola Popovski
326 прегледи

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска се огласи после убиството на македонски државјанин во Бугарија.

-Според првични информации кои Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Бугарија ги доби од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија, стои во соопштението на МНР.

Од таму додаваат дека Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.

-Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, порачуваат од МНР.

Како што објавија денеска бугарските медиуми, 14-годишно момче го усмртило Македонецот, удирајќи го со остар колец, нанесувајќи му видливи повреди на главата.

-Пријавата за пронајдениот маж е примена вчера (27.04), околу 11.00 часот, во канцеларијата на МВР во Несебар. Како резултат на полициските дејствија на службеници од Одделот за „Криминална полиција“ – Бургас и Регионалната управа – Несебар, било констатирано дека телото е на 49-годишен државјанин на Република Северна Македонија, кој влегол Бугарија на 24 јануари годинава преку граничниот премин Гуешево, објавија тамошните медиуми.

Слични содржини