„Колку пати треба да му биде дозволено на Борко да навредува“: Димевски му одговори на голманот со прашалник (ФОТО)

од Nikola Popovski
493 прегледи

Првиот човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски со свој личен став објавен на официјалната Фејсбук страна на МОК, реагираше на денешната прес-конференција на голманот на РК Вардар, Борко Ристовски.

Првиот човек на МОК објави прашаланик, кој всушност претставува анкета со пет прашања за Борко Ристовски со кои јавноста треба да одговори што мисли за македонскиот ракометен голман.

Во прашалникот има и прашања директно поставени до спортистите и политичарите.

Ристовски денеска соопшти дека одлуката на Димевски за негово санкционирање е неправно издржана и се базира на страв и немоќ. Голманот обвини дека на овој начин МОК „пука со празни ќорци“.

-Сакам да нема криминал во спортот и вакви луѓе во спортот. Во оваа црвена папка ги имам сите документи Позадината е стравот и црвената папка. Верувам дека РФМ ќе реагираат и нема да ја прифатат оваа игранка. Ова се однесува на Олимписки и Медитерански игри, а не за моето играње на ракометни натпреварувања. Секој нормален правник знае дека оваа одлука е смешна, додаде Ристовски.

Тој најави дека ќе го тужи МОК во Меѓународниот суд за спорт и арбитража во Лозана.

-Мојата цел не е да се земат финасиски средства од МОК. Колку и да биде оштетата, половина ќе биде дадена на РК Вардар, а половина на ФК Вардар. За оваа навреда и клевета, ќе си добие соодветна тужба во Лозана, информира Ристовски.

Претходно МОК го суспендира Ристовски на четири години откако упати клевети против Димевски.

Слични содржини