Дејвид Бекам ќе открие неколку досега непознати детали за неговиот живот во претстојниот документарен филм на Нетфликс, вреден 16 милиони фунти.
Меѓу другото, Бекам ќе открие се за неговата борба со опсесивно-компулсивно нарушување, кое го држи буден со часови во текот на ноќта, пишува Дејли Мејл.
47-годишниот екс фудбалер веќе кажал дека предметите мора да ги држи директно или во пар. Сега тој откри како останува буден навечер да чисти додека неговото семејство спие.
„Кога сите ќе заспијат, јас одам низ дома и чистам. Чистам свеќи, прекинувачи за палење, ги враќам работите на свое место, внимавам се да е во ред. Мразам да се будам во неред“, откри тој.
Понатаму, Бекам објаснил дека е свесен дека неговото однесување е чудно и признал дека се скарал со сопругата Викторија бидејќи таа не ја ставила солта на предвиденото место.
Да потсетиме, минатото лето „Нетфликс“ најави снимање на документарен серијал во кој Бекам ќе открие се за неговите скромни почетоци и успехот што следел.
Документарецот ќе содржи приватни архивски снимки и интервјуа со членови на неговото семејство и други важни луѓе од неговиот живот.