Над 60 проценти од граѓаните опфатени со анкетата што за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), изјавиле дека изјавиле дека нивните месечните приходи не им ги покриват потребите кои ги имаат за еден месец, додека 34,6 отсто рекле дека заработуваат доволно за да си ги покријат трошоците.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Споредено со истражувањето на (ИПИС) на истата тема спроведено во 2020 година, процентот на граѓани кои изјавиле дека не можат да си ги покријат месечните трошоци се зголемил за 1,5 процентни поен, а за исто толку поени е зголемен и процентот на оние кои рекле дека заработуваат доволно за покривање на потребите во текот на еден месец.
Анализирани според полова структура, жените сметаат дека имаат поголем проблем да заработат доволно за да си ги покријат месечните трошоци. Така, 65,3 отсто од анкетираните жени рекле дека не заработуваат доволно за да ги покријат месечните трошоци, а со таков проблем се соочуваат 56,3 проценти машките испитаници. Од друга страна, 39,5 отсто од анкетираните мажи рекле дека месечните приходи им ги покриваат трошоците, а таков одговор дале 29,9 проценти од жените.
Во однос на прашањето за можноста за подигнување кредит во земјава, 47,8 проценти од анектираните изјавиле дека „не е тешко да се земе кредит“, а 31 отсто се со спротивно мислење. Дури 63,1 отсто од испитаниците изјавиле дека не користат кредити, а оние кои користат најчесто се одлучуваат за потрошувачки кредит. Ваков кредит користат 20,3 проценти од анкетираните, 8,2 отсто имаат станбен кредит, 2,6 проценти автомобилски, а 2,1 отсто подигнале брз кеш кредит.
Истражувањето покажува дека станбени кредити најчесто користат брачни парови на возраст од 30 до 39 години, потрошувачки кредит граѓаните во возрасната категорија меѓу 40 и 49 години, а за брз кеш кредит најмногу се определуваат невработените и студентите. Речиси две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за тоа нема потреба.
Анкетата е спроведена во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.