247
Папата Франциск денеска во своето обраќање на Католичкиот универзитет „Петар Пазмани“ предупреди за ризиците од „транзиција од комунизам во консумеризам“ на последниот јавен настан од неговата апостолска посета и ги повика секогаш да бидат понизни и да запомнат дека знаењето е вистина, а вистината е слобода.
Папата попладнево на средбата со претставниците на академскиот и културниот живот на Факултетот за информатички технологии и бионика на Универзитетот ја истакна важноста од самоспознавање, препознавање на сопствените ограничувања и потиснување на претпоставката за самодоволност, пренесува МТИ.
Тој рече дека првата од двете мисли со кои сакал да ја остави публиката е „Спознај се себеси“, цитирајќи позната максима од Храмот на Делфи.