Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски го кажаа судбоносното „ДА“

од Radmila Tasevska
846 прегледи

Младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски, попознат како Џокер, вчера го кажаа судбоносното „да“ и стапија во брак.

Имено, Гиговска сподели неколку фотографии од свадбената фотосесија.

Како потсетување, Антониа Гиговска го прослави нејзиниот 22. роденден во јануари, во друштво на нејзиното момче Роберт Спасенцовски.

Двојката беше на патување во зимскиот центар Копаоник во Србија, чија снежна идила се покажала како совршено место за романтично запросување. Тогаш, со објава на социјалните медиуми, Гиговска сподели дека е бремена и дека Спасенцовски ѝ понудил брак.

 

Слични содржини