Во судирите во Судан загинаа 436 цивили, а повеќе од 2.100 беа повредени

од Radmila Tasevska
227 прегледи

Бројот на цивили загинати во судирите во Судан меѓу редовните вооружени сили и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се искачи на 436, додека 2.174 лица се повредени, соопшти денеска независната суданска медицинска асоцијација.

Во извештајот на Ал Џезира се наведува дека суданските лекари во неделата објавиле дека во судирите загинале вкупно 425 цивили, пренесува ТАСС.

Ситуацијата во Судан ескалираше поради несогласувањата меѓу армискиот командант Абдел Фатах ал Бурхан, висок офицер кој го предводи Суверениот совет, државното раководно тело, и неговиот заменик во Советот, Мохамед Хамдан Дагал Хемеди, командант на РСФ.

Слични содржини