Помошникот на високиот комесар на ОН за бегалци Рауф Мазу денеска изјави дека се проценува дека повеќе од 800.000 луѓе го напуштиле Судан поради вооружениот конфликт меѓу ривалските воени фракции.
„Во консултација со сите заинтересирани влади и партнери, стигнавме до проектирана бројка од 815.000 луѓе кои би можеле да го напуштат Судан и да побегнат во една од седумте соседни земји“, рече Мазу за време на брифингот со претставниците на земјите-членки на УНХЦР во Женева.
Според него, проценката вклучува околу 580.000 Суданци, додека останатите се бегалци кои привремено живеат во Судан, пренесе Ројтерс.