Во текот на денешниот ден, времето ќе биде претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди, информираа од УХМР.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 Целзиусов степен.