Лајчак: Договорот за ЗСО на Косово треба да одговара на двете страни и да биде во согласност со европските стандарди

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пред новата рунда дијалог во Брисел изјави дека статутот на општините на Косово со мнозинско српско население мора да биде „прифатлив за двете страни и во согласност со европските стандарди“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Албин Курти денеска ќе се сретнат во Брисел, а потоа ќе им биде претставен нацрт-статутот на општините на северот на Косово, кој е клучна точка на преговорите.

„Управувачкиот тим ќе го презентира нацртот. Не знаеме што има во него, но тоа треба да биде почеток на процесот. На крајот треба да имаме статут кој е прифатлив за двете страни, и за Косово и за Србија, согласно европските стандарди.Тоа е првиот важен чекор“, изјави Лајчак за „Хина“.

Лајчак вели дека на крајот од двете партии ќе зависи како ќе изгледа статутот.

„Тука сме да го спроведеме она што беше договорено за време на дијалогот. Тоа не беше наметнато, беше договорено меѓу Србија и Косово во 2013 година. За нас е важно секое решение да биде европско решение“, рече тој.

„Затоа мора да го спроведеме она што беше претходно договорено, но истовремено мора да црпиме инспирација од практичните решенија на постоечките европски модели. Не сакаме да создаваме нешто што никогаш не било тестирано никаде во светот, туку сакаме да најдат инспирација во европските модели кои добро функционираат“, додаде Лајчак, но не наведе конкретни примери.

Слични содржини