ФОТО: Бремената Ријана блесна со својот стајлинг на Мет Гала

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Пејачката Ријана присуствуваше на синоќешната Мет Гала во Њујорк.

Оваа година Мет Гала беше посветена на покојниот германски дизајнер Карл Лагерфелд. И оваа година црвениот тепих на њујоршкиот музеј Метрополитен беше преплавен со прекрасни фустани кои едвај може да се видат на друго место.

Една од гостите беше и бремената Ријана, која на настанот дојде со својот партнер Асап Роки.

Ријана блескаше во бел фустан, додека во еден момент имаше огромна цветна капа преку главата како дел од својот стајлинг.

Инаку, Ријана моментално е бремена и го очекува второто дете со споменатиот рапер.

Слични содржини