Со текот на годините, долгата, темна коса стана заштитен знак на една од најпознатите актерки, Анџелина Џоли. Меѓутоа, оваа пролет таа се одлучи за промена, а вниманието го привлече со новата боја на коса.
Анџелина Џоли тешко може да оди никаде и да остане незабележана, но сега привлече уште повеќе погледи благодарение на новата боја на коса. Имено, Анџелина Џоли сега е русокоса, а многумина се согласуваат – тоа е нејзината најзаводлива промена на косата во последните неколку години.
Ако ги погледнете фотографиите од Анџелина Џоли низ годините, многу лесно може да се забележи дека нејзиниот изглед не е многу променет.
Во споредба со другите познати убавици, Анџелина никогаш не била склона кон големи промени на косата, експерименти со шминкање или козметички зафати. До сега!