Воздушната команда на НАТО соопшти дека ги подигнала своите авиони откако забележала патролен авион на руската морнарица за кој вели дека ги прекршил правилата за безбедност на воздушниот сообраќај над северен Атлантик.
Се додава дека биле подигнати авиони од Велика Британија и Норвешка.
„Рускиот авион не леташе во согласност со меѓународните правила за воздушна безбедност и може да претставува опасност за другите авиони во регионот“, беше соопштено од НАТО вчера на Твитер.