Димитриевски со ист наратив како Мицкоски, остава простор за соработка со ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
177 прегледи

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денес го повтори истиот став и наратив на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски дека во моментов „владее ДУИ заедно со коалицискиот партнер СДСМ“.

-Ова е мој наратив и мој став, а ги немам слушнато ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Власта ја презема одговорноста за водење на државата. Власта треба да се корегира, рече Димитриевски во емисијата „Студио 10“.

На прашањето дали неговото политичко движење ќе соработува со ВМРО-ДПМНЕ, Димитриевски вели:

-Со сите оние кои што немаат донесено или направено зло на Македонија. Што се однесува до постапките на Мицкоски, тој треба самиот за себе да каже. Политиката е дијалог и подразбира компромис. Многупати бројките самите го налагааат да разговарате со различни претставници на политичката сцена. Јас сум отворен за разговор за сите, кажа Димитриевски.

 

Слични содржини