Хероите и хероините без чија пожртвуваност светот би бил обвиткан во мракот и лагите на монструозните режими

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Најмалку 67 новинарки и новинари го изгубија животот во 2022 година, стои во извештајот на УНЕСКО. Тоа е драматичен скок од 50% во однос на претходната (2021) година, која беше последна во низата години на подобрување на безбедноста во медиумската работа во претходните години. Црната статистика е придружена и со податокот дека 568 новинари се во затвор, според извештајот на Репортери без граници. И тука, бројот не е конечен, туку се работи за случаи што се познати и утврдени до моментот на составување на извештаите.

Бројот на земји што се оценети како „добри“ за медиумската работа, според Репортерите без граници, останува далеку помал отколку оние што се „проблематични“, „тешки“ и „многу сериозни“. Во бројки, според Извештајот, ситуацијата е „многу сериозна“ во 31 земја, „тешка“ во 42, „проблематична“ во 55 и „добра“ или „задоволителна“ во 52 земји во светот.

Извештаите од релевантни институции и организации ја посочуваат пропагандата, првенствено руската, и војната што ја поведе руската држава против Украина, како главни причини за наглото влошување на медиумските состојби во светот.

На што упатуваат овие црни статистики?

Антидемократските, воените и криминалните режими и центри на моќта се во офанзива. Тие ја препознаваат вредноста на медиумите и се плашат од нив. Затоа, служејќи се со своите судско-полициски и подземни структури, тие не се воздржуваат од примена на брутална сила. Ги убиваат или ги лишуваат од слобода токму оние што се нивни најголеми непријатели – професионалците што известуваат за фактите, за тоа што навистина се случува.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини