Петковиќ: Курти го распушти Управувачкиот тим на ЗСО

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека Владата на Косово одлучила да го распушти Управувачкиот тим кој го подготви Нацрт-статутот на Заедницата на српските општини и го претстави во вторник во Брисел.

„Косовскиот премиер Албин Курти нема право на ваков потег, бидејќи мандатот на Управувачкиот тим не завршува со презентирање на Нацрт-статутот на ЗСО. Управувачкиот тим има важна улога во процесот на формирање на ЗСО, сè до формирањето на Заедницата“, рече Петковиќ.

Тој оцени дека со таа одлука Курти го прекинал процесот на формирање на ЗСО на само десет часа, бидејќи после 10 години конечно и формално е започнат во дијалогот.

„Сега претпоставувам дека на сите им е јасно дека Курти не сака да формира ЗСО. Со ваквите изнудени потези Курти недвосмислено покажува дека не сака мир и дијалог“, рече Петковиќ.

Тој изјави дека беззаконието на Курти мора да го запре Европската унија, бидејќи укинувањето на Управниот тим води кон укинување на ЗСО и процесот на дијалог.

Слични содржини