206
Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Дневната температура ќе се движи од 10 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите во Скопје ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени.