Бугарската фондација „Македонија“ има намера да стави спомен-плоча на револуционерот Гоце Делчев во Баница, леринско, местото на загинувањето и местото на првиот гроб на македонскиот великан. Првиот човек на фондацијата, контроверзниот Виктор Стојанов објави дека денес ќе оддадат почит во селото, кое се наоѓа во денешна Грција.
„Овој четврток група на Фондација Македонија оди на местото каде загина Гоце Делчев во село Баница, Серско за да постават венци, цвеќиња и да суди каде ќе ја ставиме плочата за бугарскиот револуционер Гоце Делчев – откако во иднина ќе добиеме писмена дозвола од грчките власти. Веројатно со нас ќе земеме свештеник од БПЦ кој ќе служи панихида за Гоце“, стои во објавата на Стојанов.
Стојанов не смее да влезе во Македонија бидејќи има забрана која важи до 31 јули оваа година.