Тажна вест од скопската Зоолошка: Пцовиса жирафата Каспер

од Nikola Popovski
197 прегледи

Скопската зоолошка градина попладнево соопшти дека пцовиса жирафата Каспер, која 11 години беше дел од Скопје ЗОО. Како што стои во објавата, жирафата имала 12 години.

-Со голема тага, неверување и скршени срца, ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно не напушти.  Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година. Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен.  Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет. Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана, објавија со длабоко жалење од Зоолошката градина.

Во јануари 2021 година во Зоолошката угина жирафата Тобого и сега во градината остана само жирафата Флопи.

Слични содржини