Најчевска: Сопругот сам си поднесе оставка, Османи започна хајка поради моите критички настапи

од Nikola Popovski
756 прегледи

Универзитетската професорка Мирјана Најчевска попладнево се огласи откако беше објавено дека нејзиниот сопруг, досегашниот амбасадор на земјава во Чешка, Сашко Тодоровски бил отповикан од МНР на средина на својот мандат. Како што објави Најчевска, Тодоровски сам поднел оставка.

-Лакејот на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи започна хајка против мојот сопруг заради моите критички настапи како професор и експерт, и заради несогласувањето на мојот сопруг како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизираше, порачува Најчевска.

Според професорката, нејзиниот сопруг не се согласил со барањето на Османи да го известува него и само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор.

-Значи Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата). Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка, информира професорката.

Претходно, како причина за отповикувањето на Тодоровски, Османи наведе дека имало лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и дека не се испочитувани инструкции од страна на МНР.

Слични содржини