228
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша извршна наредба со која се отвора патот за казнување на лицата вклучени во неодамнешното насилство во Судан, во кое загинаа стотици луѓе.
Во изјавата, Бајден наведе дека декретот ќе се однесува на „поединци одговорни за загрозување на мирот, безбедноста и стабилноста на Судан; за поткопување на демократската транзиција на Судан; за употреба на насилство врз цивили или за сериозно кршење на човековите права“, објави АП.
Тој посочи дека насилството што се случува во Судан е „трагедија и предавство на јасното барање на суданскиот народ за цивилна влада и транзиција кон демократија“.