По долго време повторно во јавноста: Мег Рајан шокираше со својот изглед (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Некогаш една од најубавите холивудски актерки, ретко се појавува во јавноста, а во четвртокот во Линколн центарот во Њујорк беше видена за првпат од ноември минатата година.

Кралицата на романтичните комедии од 90-тите дојде да го поддржи колегата Мајкл Џеј Фокс на проекцијата на неговиот претстоен документарен филм „Still“, за неговата борба со Паркинсоновата болест.

Судејќи според фотографиите, таа била расположена додека позирала со своите пријатели, меѓу кои и Бил Мареј и Елвис Костело, а никој не пропушти да го забележи нејзиното мазно и отечено лице со напучени усни и подигнати образи што едвај ѝ се гледаат очите.

За таа прилика облекла црвен сако со кафени карирани панталони и црни чизми, а носеше и црн капут. Актерката негираше дека претрпела некакви корекции, но последните сцени јасно ја демантираат.

„Искрено, не обрнувам многу внимание. Во светот денес има многу омраза и толку е лесно да се суди“, изјави таа за списанието Porter во 2015 година на тема нејзините естетски процедури.

Да потсетиме, таа имаше низа успеси до 2001 година, а се се промени по снимањето на филмот „Кејт и Леополд“. Поради естетски корекции и изобличеното лице, режисерите повеќе не ја ангажираа.

Слични содржини