221
Британската полиција го уапси лидерот на антимонархистичката група „Република“, Греам Смит, пред денешното крунисување на кралот Чарлс Трети, изјави портпаролот на групата.
Полицијата не го потврди апсењето, велејќи дека веднаш не ги наведува имињата на уапсените, објави Ројтерс.
На видеото објавено на Твитер се гледа како Смит седи на земја опкружен со група полицајци.