Кралот Чарлс и Камила Паркер Боулс се возеа во златна кочија од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија за церемонијата на крунисување.
Улиците во центарот на Лондон се полни со луѓе,а според пишувањта на „The Mirror“, се собрале дури 2 милиони, меѓу кои 7.000 британски војници и 2.300 ВИП гости кои ги чекале Чарлс и Камила во Вестминстерската опатија.
Чарлс е облечен во свечена наметка, а Камила е облечена во посебен фустан. И двајцата се во бело.
Чарлс ја поздравил насобраната толпа со насмевка од раскошната кочија додека сите навиваа и мавтаа со него, додека тој и Камила беа облечени во бели традиционални наметки. Кочијата „Diamond Jubilee“ има изненадувачки модерни модификации како климатизација и електрични прозорци, кои секако го прават нивното возење поудобно, а го влечат шест коњи.
Во клупите на таа историска зграда фотографи и бројни камери фатија некои познати личности. Актерката Џуди Денч беше меѓу првите кои пристигнаа во опатијата. Покрај неа, во опатијата беше виден и пејачот Ник Кејв, а фотографите ги фатија актерките Ема Томпсон, Стивен Фрај, Џоана Ламли, Џеј Блејдс, Џил Бајден, Олена Зеленски и други пред опатијата.
При влегувањето во самата опатија, камерите го фатија пејачот Лајонел Ричи, кој утре ќе настапи на големиот концерт по повод крунисувањето на кралот Чарлс. Освен Лајонел, ќе настапи и големата американска ѕвезда Кети Пери, која исто така на церемонијата пристигна во виолетов фустан.