Судан на чекор од примирје? Конфликтните страни преговараат за прекин на огнот

од Nikola Popovski
261 прегледи

Суданската армија и нејзините отцепени Сили за брза поддршка (РСФ) денеска почнаа разговори за прв пат по жестоката борба за власт во која загинаа стотици луѓе.

Преговорите се одржаа во саудискиот крајбрежен град Џеда, на Црвеното Море, соопштија денеска САД и Саудиска Арабија.

САД и Саудиска Арабија започнаа дипломатски разговори со цел да ги запрат борбите што го претворија главниот град на Судан, Картум и други во боишта.

Во заедничката изјава, двете земји ги повикаа двете страни „активно да се вклучат во преговорите за прекин на огнот и да се стави крај на конфликтот, со цел да се поштеди суданскиот народ“.

Претставници на армијата и РСФ изјавија дека ќе разговараат за отворање хуманитарни коридори во Картум и соседниот град Омдурман, каде што се борат нивните сили.

Ќе разговараат и за заштитата на цивилната инфраструктура, пред се здравствените установи и механизмот за следење дали се спроведува прекин на огнот.

Судан е во хаос од избувнувањето на крвавата борба за власт меѓу трупите на началникот на армијата, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал, генералот Мохамед Хамдан Дагал, кој ги предводи отцепените воени сили за брза поддршка.

Дагал денеска на Твитер го поздрави воспоставувањето на прекин на огнот и отворањето на хуманитарни коридори.

Слични содржини