Битиќи на отворањето на Куќата на Европа во Битола: Вратата кон ЕУ ни е отворена

од Nikola Popovski
247 прегледи

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи присуствуваше на настанот на кој заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во Офицерскиот дом во Битола, во рамките на активностите на Денот на Европа 2023, официјално ја отворија Европска куќа (Europe House), во еден од најзначајните културно-историски објекти во градот кој е реставриран преку проектот за локална и регионална конкурентност (ЛРПЦ).

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, изјави дека Офицерскиот дом во Битола е избран да биде Европска куќа од фактот што ЕУ го цени културното наследство.

„Класичната убавина на Офицерскиот дом и модерната убавина на Европска куќа резултираат електрична хармонија на архитектура, дизајн и публика. Бидејќи ЕУ во нејзиниот најпопуларен слоган вели дека ги обединува различностите. Ги обединува јазиците, културите и историјата“, рече Гир.

За вицепремиерот Битиќи ова е еден среќен ден бидејќи овој реконструиран импозантен објект кој долги години беше запуштен и оддаваше лоша слика денеска освен што претставува објект на кој уживаат не само битолчани, туку и туристите кои доаѓаат во Битола туку ќе биде и прозорецот на младите битолчани кон ЕУ.

Куќата на Европа е вратата и прозорецот на Битола за ЕУ. Во домот на Европа младите битолчани во наредните години ќе креираат важни мрежи за создавање партнерства со младите во ЕУ, и затоа оваа нова куќа на Европа ќе биде отворена за младите, но и за уметниците и другите граѓани“, рече Битиќи во неговата порака.

Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари на амбасадорот Гир за реконструкцијата на Офицерскиот дом со средства на Европската Унија.

Реконструкцијата на објектот и неговата околина чинеше 59 милиони денари (околу 960.000 евра), од кои 53 милиони денари беа обезбедени од проектот за локална и регионална конкурентност преку ЕУ фондови.

Слични содржини