Околу 14 милиони гледачи го следеа крунисувањето на британскиот крал на каналите на Би-би-си

од Nikola Popovski
229 прегледи

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети во саботата го следеа околу 14 милиони гледачи на Би-би-си, што укажува на многу помал број во споредба со крунисувањето и погребот на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Околу 13,4 милиони гледачи, од вкупно 67 милиони жители во Велика Британија, ја следеа церемонијата на крунисувањето на двата главни канали на Би-би-си.

Таа бројка се искачи на повеќе од 14 милиони во времето кога беше поставена круната на главата на 74-годишниот крал, објави денеска прес-службата на британската телевизиска мрежа.

Останатите канали не ги споделија своите податоци, но Би-Би-Си сочинува голем дел од публиката за ваков тип на настани.

За погребот на Елизабета Втора во септември минатата година, просечната публика беше повеќе од 26 милиони гледачи, со врвот од 28 милиони гледачи, вклучувајќи 18,5 милиони на Би-Би-Си.

Нејзиното крунисување во 1953 година, првото што беше телевизиско, го гледаа 27 милиони луѓе во Велика Британија, според Бакингемската палата, а погребот на принцезата Дијана го следеа 32 милиони.

Крунисувањето на Чарлс беше подготвено без многу ентузијазам. Анкетите покажаа ограничен интерес во контекст на галопирачката инфлација, а тука е и фактот дека минатата година Британците одбележаа 70 години од владеењето на Елизабета Втора во јуни, по што следеше нејзиниот погреб во септември.

Слични содржини