Во затвор во Белорусија почина маж кој беше затворен поради објавување на карикатура на белорускиот претседател Александар Лукашенко, соопшти руската невладина организација „Вјасна“, додавајќи дека затвореникот има лпроблеми со срцето.
Николај Климович (61) починал во затвор во североисточна Белорусија, соопшти „Вјасна“, без да ја прецизира причината за смртта.
Таа невладина организација истакнала дека Климович во затворот имал статус на инвалид поради сериозни проблеми со срцето.
Климович беше уапсен во декември на југот на земјата, при што беше обвинет за „навреда на шефот на државата“ затоа што на социјалните мрежи објавил сатиричен цртеж од Лукашенко.
Потоа бил слободен во очекување на судењето бидејќи се чувствувал лошо во истражниот затвор. На крајот на февруари Климовиќ беше осуден на една година затвор и отиде на отслужување на казната.
Според невладината „Вјасна“, во Белорусија во моментов има околу 1.500 политички затвореници, а на списокот бил и Климович.