Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјавил дека нивна должност како држава е да излезат обединети после двете големи трагедии и да се обидат да решат некои проблеми во малку поинаков начин.
Вучиќ за РТС изјавил дека тагата е огромна. Тој потсетил дека од утре почнува предавањето на нелегалното оружје.
„Мерките се такви што од утре ќе конфискуваме нелегално оружје, имате еден месец да го доставите вашето нелегално оружје и муниција, без никакви последици. Ги молам луѓето само да отидат во полициска станица и да го остават“, рече Вучиќ.
„Тоа е прва мерка, очекуваме одговорност и милиони куршуми кои ќе бидат предадени. После тоа ги зголемуваме казните за чување нелегално оружје“, истакнал српскиот претседател.
Да потсетиме, претходните денови се случија две страшни злосторства. во Србија. По големата трагедија што се случи на 3 мај, кога Коста К.(13) уби осум врсници и училишен чувар, како и рани шест ученици и еден наставник по историја, се случи уште тежок настан, поточно злосторството кај Младеновац кое го изврши Урош Блажиќ и уби осум и рани 12 лица.