Украина: Русија го засили гранатирањето на Бахмут, се надева дека ќе го освои до 9 мај

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Русија го засили гранатирањето на Бахмут со надеж дека ќе го освои до утре, 9 мај, Денот на победата, изјави Олександр Сирски, командант на копнените сили на украинската армија.

Тој посочи дека Украина ќе направи се за да го спречи тоа, пренесува „Ројтерс“.

Сирски, по посетата на украинските војници долж линијата на фронтот во Бахмут, изјави дека руските сили го зголемиле интензитетот на гранатирање од тешко вооружување на Бахмут и почнале да користат посовремена опрема и да ги прегрупираат војниците.

За Бахмут, град во источна Украина, со месеци се водат жестоки борби меѓу руските и украинските сили.

Слични содржини