Кина: Никогаш нема да ги заборавиме варварските злосторства на НАТО во Југославија

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Кинескиот народ никогаш нема да ги заборави варварските злосторства на НАТО во Југославија, изјави во понеделникот на прес-конференција портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Кинескиот народ никогаш нема да ја заборави крвта и животите кои беа дадени за заштита на вистината, честа и правдата. Тој никогаш нема да ги заборави варварските злосторства на НАТО, предводени од САД“, рече кинескиот дипломат.

Тој изјави дека НАТО од една страна претендира на улогата на организација за регионална одбрана, а од друга постојано наметнува регионални тензии и создава блоковски конфликти.

„По Студената војна, НАТО, на чело со САД, постојано поттикнуваше конфликти низ светот – од Босна и Херцеговина до Косово, од Ирак до Авганистан, од Либија до Сирија“, рече Ванг Венбин.

Според него, НАТО продолжува да се шири кон исток, во азиско-пацифичкиот регион, предизвикувајќи блоковски конфликт, уништувајќи го регионалниот мир и стабилност.

Слични содржини