BMW XM е нешто што би можеле да го опишеме како поларизирачки производ. Имено, тој е најмоќниот модел од сериите на BMW во историјата, но во исто време има и најголема маса.
Сепак, не може да се негира неговата фасцинација, односно нивото на перформанси што го обезбедува и покрај неговата големина и тежина. Како што покажува новиот дино тест, номиналните бројки издадени од производителот би можеле да бидат потценети, нешто по што BMW е познат во последните години.
Во приложеното видео е прикажан веројатно првиот снимен XM дино тест. Моќниот теренец има комплексен хибриден систем, чија моќност не е лесно да се измери бидејќи има различни режими, кои обезбедуваат различни нивоа на вклучување на електричниот мотор.
Со оглед на тоа, и фактот што возилото за тестирање не беше целосно наполнето пред тестот, што може да има ефект врз излезната моќност, бројките што ги гледаме можеби не се „супер прецизни“, но се повеќе од индикативни.