Талевски: ВМРО-ДПМНЕ седми ден не одговара кога и каде да го види договорот за коридорите

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Договорот, бидејќи се уште молчат и не кажуваат кога и каде да го видат Договорот иако тоа им беше понудено, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во гостувањето во „Топ тема“.

-Во залоништво ја држат целата држава за Договорот да им биде даден на увид. Предложивме да одберат време, место и Комисија за да го видат Договорот, но ВМРО-ДПМНЕ молчи. Кажете кога и каде сакате да ви биде Договорот ставен на увид, рече Талевски.

Тој повтори дека од ВМРО-ДПМНЕ веќе седми ден нема одговор на предлогот.

-Врз основа на Законот за класифицирани информации има соодветна процедура за тоа како се разгледуваат таквите документи, дополни Талевски.

Тој додаде дека криминал и корупција има само во главите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Криминал и корупција имаше кога злоупотребија 25 милиони од кинеските патишта, за што имаат предмет „Траекторија“. ВМРО-ДПМНЕ сакаше проектот за коридорите да го закочи и се што кажаа излажаа. Птво го зборуваа надзорот, па сега веќе надзорот повеќе не го споменуваат, потоа го бараа Договорот сега не кажуваат кога, истакна пратеникот.

Слични содржини