Се бара помош: На територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко

од Vladimir Zorba
865 прегледи

Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките.

На социјалните мрежи се шири апел за помош во пронаоѓањето на две малолетни девојчиња, кои последно биле видени денеска во 15:50 кај трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Центар.

Слични содржини