Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24часа), известуваат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13°C, а максималната од 13 до 18°C.
Во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.