Изложба „Во Цут“ на Горан Костовски – indog

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Изложбата Во Цут – на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 Мај 2023 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, локација: Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот.

Изложбата “Во Цут” се состои од платна, слики и графики цртани изминативе 2 години. Таа има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата. Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе будење низ процесот на депресија и тага и надежта за подобар свет и грижа на планетата земја. Менталното здравје е во фокус на изложбата и има за цел за презентирање на нови визии идеи за грижата на луѓето за животната средина и колективната грижа. Цветовите кои што се дел од делата симболизираат: Љубов, Надеж, Грижа кон себе и природата, Тага, Живот, Радост.

Изложбата ќе биде отворена до 26 јуни 2023 година и може да се погледне секој работен ден после 17:00 ч.

Изложбата е поддржана од Центарот за современи уметности Скопје, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општината Центар”

Слични содржини