Ковачев бара извинување: С. Македонија ја премина црвената линија

од Nikola Popovski
324 прегледи

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денеска повторно говореше за забраната за влез во Македонија, која што му беше соопштена во саботата на 6-ти мај, при обидот за влез на ГП „Ново село“.

Според него, „македонските соседи ја поминале црвената линија – пратеник во Европскиот парламент да не биде примен во земја која е кандидат за членка на Унијата“.

„Тоа доведе до многу сериозни реакции“, изјавил Ковачев за „BTV“.

Како што вели, „прво мора да се слушне јасното објаснување на Скопје, пред да се зборува за евентуално ново вето не само од Бугарија, туку и од ЕУ“.

„Иронично, неколку дена пред да одам, имав разговор со министерот за надворешни работи на Северна Македонија во Брисел, многу пријателски разговор. Сакав да присуствувам на настан за нашата заедничка историја во близина на Ново Село, бугарските воени гробишта“, изјавил европратеникот.

Ковачев нагласува дека на границата не добил објаснување и ги оквалификува како „смешни аргументите на Скопје дека ќе и наштети на националната безбедност на соседите“.

„Задолжително мора да се извинат“, дециден бил Ковачев.

Според него, „власта и опозицијата во Скопје се во битка за тоа кој ќе го заштити македонскиот идентитет и јазик од лошите Бугари“.

Ковачев посочил дека нема напредок по прашањето за вклучување на Бугарите во уставот на РСМ.

„Сите се надеваат дека тоа може да се случи до крајот на годината, но овие преседани што ги создаваат на европско ниво водат во друга насока – дека не сакаат евроинтеграции, односно дека сакаат да останат на оската Скопје-Белград-Москва“, кажал европратеникот за „BTV“.

Слични содржини