Левица поднесе 6.664 амандмани против предлог-законите за ,,Бехтел и Енка”

од Nikola Popovski
256 прегледи

Левица денеска информира дека како партија поднеле 6.664 амандмани против предлог-законите предложени за конзорциумот ,,Бехтел и Енка“.

-Двајцата пратеници на Левица, заедно со Правниот сектор на партијата, иако со многу ограничени ресурси, работеа неуморно со денови во изработка на амандманите, со цел да се спречи корумпираниот и штетен договор за Коридорот 8.

Остатокот од опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ иако со 44 пратеници и огромни ресурси, не понуди скоро ништо за да го спречи криминалот, освен празната реторика во јавноста и поднесе едвај 10 амандмани! За потсетување на јавноста, со предлог-законите предложени наменски за конзорциумот ,,Бехтел и Енка” се руши и така кревкиот правен поредок во Република Македонија, велат од партијата преку соопштение.

Слични содржини