Кралот Чарлс и кралицата Камила ги објавија првите официјални портрети од нивното крунисување на 6 мај.
Портретите како и заедничката семејна фотографија ги направи фотографот Хуго Бурнанд, а беа објавени на нивните официјални профили на социјалните мрежи.
До фотографијата на кралот Чарлс беше неговата порака:
„Како што се приближува крајот на викендот на крунисувањето, јас и мојата сопруга сакавме да ја споделиме нашата искрена и длабока благодарност до сите оние кои помогнаа овој настан да биде толку посебен. Им оддаваме посебно признание на безброј луѓе кои го дадоа своето време и посветеност да ги направат прославите во Лондон, Виндзор и на други места што е можно посреќни, безбедни и пријатни“.
As the Coronation weekend draws to a close, my wife and I just wanted to share our most sincere and heartfelt thanks to all those who have helped to make this such a special occasion.
We pay particular tribute to the countless people who have given their time and dedication to… pic.twitter.com/WIMsgL1ex2
— The Royal Family (@RoyalFamily) May 8, 2023
„Им благодариме на сите што се приклучија на прославата – дали од дома, на улични забави и ручеци или со волонтирање во заедниците. Самото знаење дека уживаме во вашата поддршка и сведоци на вашата љубезност изразена на толку многу различни начини е најголемиот можен подарок бидејќи сега повторно ги посветуваме нашите животи за да им служиме на луѓето од Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот“, заклучи кралот Чарлс.
The first official portrait of His Majesty The King following his Coronation on 6th May.
📸 Hugo Burnand pic.twitter.com/NTVEsRAIGV
— The Royal Family (@RoyalFamily) May 8, 2023
На групната фотографија се вклучени и принцот Едвард, војводата од Кент, Бриџит, војвотката од Глостер, принцот Ричард, војводата од Глостер, сер Тим Лоренс, принцезата Ана, кралот и кралицата, принцот Вилијам од Велс и принцезата Кетрин од Велс, Софи, војвотката од Единбург, принцезата Александра, чесна леди Огилви и принцот Едвард, војводата од Единбург.