МП: Лога и Небиу разговараа за реализација на мерката „конфискација“ во предметите „Трансмет“, „Империја“, „Плацеви на Водно“ и „Сашо Мијалков“

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на која се разговараше за новиот предлог Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и реализација на мерката „конфискација“ во предметите „Трансмет“, „Империја“, „Плацеви на Водно“ и „Сашо Мијалков“.

„Во дел од наведените предмети се евидентирани неправилности и пропусти во постапката и во извршувањето од страна на Агенцијата. Се надеваме дека со новиот закон ќе се надминат сите проблеми околу реалзиацијата на мерката „конфискација“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Слични содржини