Училницата во која загинаа пет деца а шест беа ранети засекогаш ќе биде затворена

од desk4
180 прегледи

Директор на Музејот на жртвите на геноцидот, кој е и член на советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“, Дејан Ристиќ, изјави дека училницата во која минатата недела се случи масакрот никогаш повеќе нема да се користи.

-Тоа е училницата во која загинаа пет деца од клас 7/2, а беа ранети шест ученички и ученички. Сите заедно, на ниво на училиште донесовме одлука училницата во која се случи злосторството никогаш повеќе да не се користи како училница. Ќе стане спомен училница, посветена на малите девојчиња кои загинаа, девојчињата кои беа ранети и кои, Боже на здравје, ќе закрепнат и на нашиот Драган, тој прекрасен чувар кој ги чуваше нашите деца во времето кога тие беа во училиште – изјави Ристиќ.

Слични содржини