„Би било изненадувачки ако ја преживее оваа изјава“: Пригожин го исмеа Путин?

од Stefanija Kuzmanovska
648 прегледи

Видеото објавено вчера од Евгениј Пригожин, основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, повторно ги разгоре шпекулациите за несогласувања меѓу руските сили кои се борат во Украина. Основачот на платеничката организација постојано критикуваше високи воени лица, но досега се воздржуваше од директни напади врз рускиот претседател Владимир Путин.

Институтот за проучување на војната (ISW) во својот редовен извештај наведува дека ова сега можеби се променило. Тие тврдат дека Пригожин го искористил Денот на победата за да го „исмее Путин и да го доведе во прашање неговото расудување“. Го споредил со фигура на „среќен дедо“ кој „мисли дека е добар“.

Пригожин нападнал и други луѓе по име

Тој потоа поставил реторичко прашање за тоа што треба да направат Русија и идните генерации, односно како Русија може да победи ако „дедото“ се покаже дека е „тотален олош“. Американскиот тинк-тенк додава дека Пригожин, исто така, „забележал дека неименувани поединци (најверојатно мислејќи на Путин и високи воени функционери) треба да престанат да се шетаат околу Црвениот плоштад“.

Институтот смета дека Пригожин речиси сигурно мислел на Путин, кој често го нарекуваат „дедо“ или поточно „дедо од бункерот“.

Пригожин претходно по име нападна други високи функционери и офицери, но тоа не го стори во случајот на Путин, пренесува Sky News.

„Би било изненадувачки ако ја преживее оваа изјава“

ISW истакнува дека нападите на шефот на „Вагнер“ врз Путин би можеле дополнително да ја поткопаат нормата во системот на Путин каде што поединечни актери можат да се натпреваруваат за позиција и влијание (и да паднат и да ја изгубат наклонетоста на Путин), но не можат директно да го критикуваат Путин. Останува да се види дали Кремљ ќе му одговори на Пригожин во наредните денови.

Некои аналитичари сметаат дека Пригожин ја поставил крајната цел да го собори Путин од функцијата претседател на Русија. Андерс Аслунд, експерт за Русија и поранешен економски советник на руската влада од 1991 до 1994 година, рече дека „би било изненадувачки ако Пригожин ја преживее оваа изјава“.

Слични содржини